Предновогодишен германски базар на учениците од Прличев, но и од училишта од цел Охрид и пошироко

Предновогодишната магија започна за #ПРЛИЧЕВЦИ  ✨️🎄
Стотина ученици од централното и подрачното училиште заедно со своите родители, а координирани од наставниците по германски јазик во нашето училиште зедоа активно учество на 🖤❤️💛германскиот предновогодишен базар – настан чиј домакин беше градот Охрид 👏
Сопствени изработки со Новогодишна и Божиќна тема, вкусна традиционална германска Божиќна храна ги пречека многубројните посетители на настанот од Охрид, но и од десетина градови од Македонија ✨️
Нашето училиште постојано ја негува соработката со Гете – Институт Скопје како партнер училиште и со Здружението на наставници по германски јазик и книжевност на Македонија како организатори на настанот, со што кај учениците континуирано се продолжува љубовта кон изучување на германскиот јазик 🇩🇪
Повеќе фотографии тука