Предновогоодишен базар во ООУ „Григор Прличев„ Охрид

🍀Радост🍀 Среќа🍀Насмевки 😊Милион прегратки🤗 Желби и убави мисли 🥰
Се’ ова царуваше на нашиот 🎄 НОВОГОДИШЕН БАЗАР во централното и подрачното училиште🎄
Лампиони и балони,🎊 светла во разни бои🎆 панделки и елки🎀🎄 ја украсија нашата спортска сала, а во срцата топлина голема колку цел свет❤️
Бројните посетители денес бескрајно уживаа во:
🎁 Рачно изработени празнични подароци
🍪 Домашни колачиња и слатки
🎨 Креативни ракотворби
🎄 Украсни предмети за новогодишната атмосфера
Купувајќи, го поддржаа нашето училиште, но пред се’ го поддржаа трудот на вредните ученици, на нивните наставници и родители.
Празниците се за радост, за милост!
Посакуваме сите заедно така да ја дочекаме Новата🎄🎆
Повеќе фотографии тука и тука