Онаму каде што се слави нејзиното височество КНИГА, таму се и #ПРЛИЧЕВЦИ 
Бидејќи љубовта кон книгата е бесконечна
Овој пат, библиотекарката во нашето училиште заедно со три ученички од 6 одделение беа дел од книжевна работилница од проектот ,,Мост меѓу генерациите е љубовта кон книгата” која се одржа во НУ Библиотека ,,Григор Прличев” Охрид.
Магијата на книгата понесува
Таа е непресушен извор на знаење, но истовремено и на мечтаење и сонување
Но, читајќи книги сме сведоци на соништа кои се остваруваат, на љубов која нема крај 

Фотографии од активноста овде
