#ПРЛИЧЕВЦИ од ПУ нас. Рача со воннаставни активности по предметот англиски јазик на тема : Thanksgiving

Подучувајќи странски јазици се обидуваме да ја оживееме културата и традицијата на народот кој го зборува тој јазик✔️
Денес на часовите по англиски јазик во ПУ. нас. РАЧА во центар на празникот ја ставивме БЛАГОДАРНОСТА и мислата: За што сум јас благодарен ? 😇
Во знак на тоа, учениците помогнати од своите родители приредија закуска 🥗🥣🍲како знак на благодарност за радоста и искреноста во дружбата, за здравјето и љубовта во животот, за секојдневието исполнето со убави моменти!❤️
Им благодариме срдечно и на учениците и на родителите за ова активност. Заедно да ги научиме децата да бидат благодарни за малите нешта!🙏