Проект „Зелена младина-зелена иднина“

Проектот е во организација на Здружението Клуб за нуркање АКВАТЕК – Охрид, а во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан.✅️

💚Заеднички реализиравме уште 🌱🪴две активности:

1️⃣Еко – Едукатори 👩‍💻👨🏻‍💻

📎Тема: Проблемот со цврст отпад во Охридското Езеро ❎️

2️⃣Училница во природа🌳

📎Тема: Охридската природа и вода со својата биолошка разновидност, местрилиште и зимувалиште на рибите, еко мотивација и надградување на нови сознанија. 🐟♻️🌊🌱

♻️Младите четвртоодделенци во улога на вистински предавачи или 🌱ЕКО ЕДУКАТОРИ 👨‍🏫👩‍💻, го пренесоа своето знаење на своите врсници околу цврстиот отпад во Охридското Езеро.🌊 Слушатели беа нивните другарчиња од второ и трето одделение.

♻️Креативно, едукативно, интересно и пред сè еколошки подготвени со многу знаење, свои заклучоци, аргументи и поуки.✅️

♻️Втората активност се реализира кај каналот Студенчишта, каде во природно опкружување ги дознаа приказните на Билјанините извори, езерото, базените, рибите, местрењето и нивниот опстанок во зима.🌊🐟💧🦠🪷

♻️Го посетија и Хидробиолошкиот Завод – Охрид, а беа дел и од видео презентацијата за вештачкиот мрест на пастрмката, нашата ретка и ендемски езерската вредност.🐟

📎На крај интересна им беше и дружбата со езерската полиција при Регионалниот центар за гранични работи “Запад” кога дознаа за 🧟‍♀️“мрежите духови”, кои се голема закана за опстанокот на подводниот жив свет.💚♻️

♻️Младите зелени истражувачи ги слушнаа некои и од полициските обврски и работни задачи во оваа проблематика и ја видоа нивната опрема која се користи во текот на тие еко патроли.♻️🌱✅️

🔜Наскоро уште една активност во склоп на овој проект🔜

💚 НЕКА БИДЕ ЗЕЛЕНО СÈ 💚📎

,НЕШТО СИНО”🟦 е насловот на групната изложба на која нашите талентирани #ПРЛИЧЕВЦИ имаат свои ликовни творби, како дел од проектот 💚“Зелена младина, зелена иднина”💚 на Здружението Клуб на нуркање АКВАТЕК – Охрид 🔹️Diving Center Akvatek🔹️

🎨Убавините нацртани како

🟦,,НЕШТО СИНО”🟦 можат да се погледнат во Куќата на Робевци, каде што главната инспирација е синилото на нашето езеро и импресиите од него.🌊

💙На овој начин потврдуваме дека единството на луѓето и природата е иднината на нашата планета, а синилото треба да остане во иста боја засекогаш💙

🎨Нека има постојано 🟦,,НЕШТО СИНО”🟦 – порачуваат #ПРЛИЧЕВЦИ