Нашето училиште во 2021 година поднесе апликација на повикот за мал грант преку проектот: Редовно на часови-Акција за вклучување на Ромите во основното образование, финансиран од Европската унија, а спроведуван од Фондацијата Отворено општесво –Македонија заедно со своите партнери Центар за образовна поддршка Дендо вас и Фондацијата за образовни и културни иницјативи Чекор по чекор.
Со почетокот на учебната 2021/2022 година, по направените подготовки
започнаа и предвидените активности кои траеа до крајот на првото полугодите.
Реализирани беа вкупно 4 активности низ многубројни работилници.
Во активностите беа вклучени ученици од прво до трето одделение, ученици од предметна настава и родители.
Активност 1:Игри без граници
Активност 2: Јас и ти, ние и вие
Темата на работилниците беше – Емпатија , што значи тоа и како се екпресира?
Активност 3: Спортско-едукативен квиз
Активност 4: Моето училиште
На учениците од погорните одделенија им беше дадено задолжение да истражуваат за училиштата ширум светот и истражувањата да ги презентираат пред учениците од прво до трето одделение.
Целта на иницијативата беше преку реализиацијата на сите предвидени активности низ тандемска и групна форма на работа да се понудат можности за поттикнување на љубопитноста кај учениците за откривање и осознавање на различностите од повеќе аспекти и нивно прифаќање.
Преку ваквите иницијативи учениците да стекнат сензизибилитет за отворени разговори на различни теми, кои ќе резултираат со компетентни решенија во однос на интергација на сите ученици.
Со добиените материјали за работа и нагледни средства библиотеката го обнови просторот со нови отворени и затворени шкафови, полици, конзоли, масичка, лотус перници и го зголеми библиотечниот фонд на книги, а тандем наставата по Физичко и здравствено образование се збогати со топки и реквизити кои часовите ќе ги направат многу поинтересни и покреативни.
Покрај тоа, со материјалите за боење и цртање беа оплементети дел од ѕидовите во училиштето како и училишниот двор.
За целокупната реализација на проектот се погрижија директорот, стручната служба, одделенскиот наставник Биљана Иваноска и предметните наставници Ивана Маховска Шикалеска, Кате Бујароска Анѓелеска- одговорен наставник.

