Септември – месец полн со активности за почист свет и пораки за мир во светот

#ПРЛИЧЕВЦИ со бројни активности ја започнаа учебната 2022/2023 година.

Насочувајќи ја својата мисла и порака кон своите другарчиња, но и кон возрасните, за зачувување на чистотата во светот, учениците покажаа и докажаа дека сакаат да живеат во свет во кој царува чиста природа и чист воздух, светво кој отпадот ќе биде минато

Придружувајќи се кон глобалната иницијатива за почист свет, #прличевци со еколошка акција ја подигнаа свеста меѓу сите нас со силната желба : САКАМЕ свет без отпад !!

Но, тука не застанаа желбите за изгледот на светот во кој дечињата сакаат да живеат.

#Прличевци исто така испратија силна и јасна порака за мир во светот, одбележувајќи го Светскиот ден на мирот:

Денес, нека слушне секој една порака гласна… и јас и ти ама и оној кој сака да го уништи летот на радоста и мирисот на цветот во  светот.Со песна, гулаби и маслинови гранчиња во рака… ја испративме нашата порака за да стигне низ целиот свет без мака.Гулаби мили бели вие со својот лет, носете пораки наши: МИР да е низ цел свет !