Триумф на младите Катја и Ива на XV Меѓународен натпревар “Giovani musicisti”

Со особена чест ви ги претставуваме нашите прличевки – музичарки, победнички на врвниот музички натпревар во Тревизо – Италија на кој учествуваа млади музичари од 15-тина држави од светот.🌎🎹🎻🎺🥁🎷🌍
👭Тоа се: Катја Крстаноска која свири пијано🎹, ученичка во второ одделение и деветоодделенката Ива Чанова на флејта.🪄
👭Двете наши млади музички таленти посетуваат основно стручно образовние во охридското музичко училиште “Методи Патче” зад кои се провлекуваат безброј награди и признанија.🏅🏆🎖
🏆Овој триумф на XV Меѓународен натпревар “Giovani musicisti”, во силна конкуренција, блесна со прва награда🥇 за Катја која е во класата по пијано на проф. м-р Ана Ѓорѓиоска 🎶 и Ива со освоена трета награда 🥉во класата по флејта на проф. м-р Нина Момировска.🎶
🎀🎀Инаку и двете прличевки се одлични и примерни ученички во нашето училиште кои покажуваат солидни резултати и талент во повеќе области од основното образование.
🌟Горди на своите #ПРЛИЧЕВЦИ порачуваме дека патот до успехот започнува тука, со многу труд, посветеност и работа, а наградите се само знаци кои покажуваат дека сте на вистинскиот пат.🎖🎯