Врз основа на член 59,60,61 60 и 63 од Законот за основно образование („Службен весник наРепублика Северна Македонија“ бр. 161/19, 229/20 и 3/25), ООУ „Григор Прличев“- Охрид распишува
О Г Л А С
- За упис на деца во прво одделение во учебната 2025/2026 година.Законски обврзници се деца родени од 01.01.2019 до 31.12.2019
- По исклучок детето може да се запише во прво одделение доколку наполни 6 години до 31.01.2026, но по претходно барање од родителот/старателот и добиено мислење од педагогот/ психологот во училиштето.
Потребни документи за упис:
- Извод од матична книга на родени /оригинал или копија;
- Државјанство за ученикот (доколку е роден во странство)
- Лична карта од родителот/старателот-на увид
- Медицинска потврда за примени задолжителни вакцини издадена од надлежна институција;
- Медицинска потврда(упат) за извршен офталмолошки и стоматолошки преглед издадени од надлежна институција, најдоцна до пред започнување на учебната 2025/26 година (прегледите ќе се вршат исклучиво во просториите на Детска и превентивна стоматологијa со закажување термини на тел. број 078-384-557 . Издавањето на потврди ќе започне од 2.5.2025)
- За дете со попреченост да се достави мислење/функционален профил од комисијата за проценка на деца и младинци за дополнителна образовна, социјална и здравствена поддршка според МКФ-Охрид.Термини за закажување на тел. број076/437-902 или на mail:mkf.ohrid@gmail.com, ул.Димитар Влахов бр.52.Доколку на детето сеуште не му е извршена проценка,истата може да се достави не подолго од почетокот на учебната година.
Документите треба да ги доставите лично во ООУ „Григор Прличев“ Охрид секој работен ден од 07:30 до 13:30 часот , почнувајќи од 2.5.2025.
Доколку сте спречени да ги донесете документите во училиштето во наведениот период, Ве молиме обратете ни се на нашата e-mail адреса: ou-grigorprlichev-ohrid@schools.mk , при што ќе добиете понатамошни инструкции.
ДЕЦАТА БЕЗ КОМПЛЕТНА ДОКУМЕНТАЦИЈАНЕМА ДА МОЖЕ ДА БИДАТ ЗАПИШАНИ ВО ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ
Уписот трае од 2.5.2025 год. до 30.5.2025 год.