Февруари – месец исполнет со активности за мајчиниот јазик и поддршка од #прличевци за РЕТКИТЕ

Не постои  јазик кој што не е убав, не постои тежок јазик… постои само љубов за учење на јазикот.
Мајчиниот јазик, дури, и ја опишува длабочината на душата !
По повод Денот на мајчиниот јазик, #прличевци ви претставуваат литературна работилница во Прличевата одаја под мотото: “Мајчиниот јазик памети многу повеќе отколку што ние можеме да заборавиме “
На работилницата учениците слушнаа за суштината и значењето на мајчиниот јазик, а истата беше збогатена и со извадоци на цитати за мајчиниот јазик од познати писатели како и поетско читање на стихови од Блаже Конески од страна на учениците од 5то одд.
Мајчиниот јазик е коренот на нашето постоење! И колку правилно го употребуваме, толку повеќе ја зголемуваме важноста за негово негување. 
А децата од мали нозе се учат на правилна употреба на мајчиниот јазик. Станувајќи свесни за себе, стануваат и свесни за постојаните грешки кои ги прават и децата и возрасните при употреба на мајчиниот јазик.
Токму затоа под мотото “Да го негуваме нашиот мајчин јазик со тоа што ќе го научиме”, Претседателот на ученичкиот парламент заедно со својата наставничка по македонски јазик, дојдоа до идеја да создадат проект – видео преку кое ќе се крене свеста за почитување на нормите на македонскиот јазик како мајчин, со тоа што вистински ќе го знаеме и правилно ќе го употребуваме.
🎞Видеото ќе биде прикажано пред учениците на часовите по македонски јазик.

Изминатите денови, исто така, беа организирани и предавања од Дирекцијата за заштита и спасување и од Црвениот крст за Земјотресите и за Пороците на зависност кај младите, со што го потврдуваме фактот дека училиштето неизмерно се грижи за здравјето и безбедноста на учениците.

Фотографии од настаните може да се погледнат на нашата facebook страна.

Но, она што секако го обележува овој месец е поддршката која #Прличевци неколку години наназад им ја даваат на лицата со ретки болести во нивната борба за да бидат слушнати и еднакво прифатени во општеството. За таа цел , во нашето училиште се организираа бројни активности. Дел од нив може да погледнете на нашата фб страна на следното видео на овој линк

За овој ден и хемиската секција при нашето учлилиште со оргинален експеримент кој предизвика вистинско воодушевување кај присутните