„И НИЕ МОЖЕМЕ…“

Нова ученичка иницијатива за побезбедна училишна средина

Почитувани ученици, наставници и родители,

Ученичкиот парламент на нашето училиште со гордост ви ја претставува новата ученичка иницијатива „И ние можеме…“ , која се реализира во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.

Проектот го спроведува Коалиција на младински организации СЕГА во партнерство со Македонски центар за граѓанско образование, Прва детска амбасада „Меѓаши“ и SmartUp – Лабораторија за социјални иновации, со поддршка од Детска фондација Песталоци.

Целта на иницијативата „И ние можеме…“ е создавање ученичко катче во училишниот двор – безбеден и креативен простор за едукација, размена на идеи и личен развој , во позитивна и поддржувачка училишна средина.

Ве повикуваме да се приклучите и да нè поддржите во реализацијата на активностите.

Заедно можеме да придонесеме за поубава, поинклузивна и побезбедна училишна средина .

Со почит,

Ученички парламент на ООУ „Григор Прличев“, Охрид

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *