Во нашето училиште успешно се реализира симулациска вежба за евакуација на ученици и персонал, како дел од активности за подигнување на свесноста и подготвеноста за соодветно постапување во случај на несреќи и елементарни непогоди. Вежбата ја спроведоа учениците и наставниците согласно утврдените безбедносни протоколи, при што беше нагласена важноста на дисциплината и навремената реакција.
Учениците покажаа одговорност и правилно следење на упатствата за движење и евакуација од училиштето.
Искажуваме благодарност до сите институции што ја поддржаа реализацијата на вежбата, вклучувајќи го Црвениот крст, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, Министерството за внатрешни работи и Територијалната противпожарна единица.
Целта на ваквите активности е да се гради безбедна и сигурна училишна средина и да се подготват учениците и вработените за соодветно и ефикасно постапување во итни ситуации.
Видеото од симулациската вежба за евакуација може да го погледнете на следниот линк: ТУКА

