На регионалниот натпревар по математика, одржан на 14.03.2026 година, учениците од нашето училиште постигнаа одлични резултати.
Во IV одделение, Ана Бошкоска освои I награда, Стефан Ристески II награда, Матеј Ристески III награда, Илија Китрозоски, Нина Николоска, Иво Здравески, Ахил Сиљаноски и Николај Ѓорѓески освоија II награда.
Во V одделение, Петар Нешкоски освои II награда, а Доријан Николоски, Ана Чинго и Димитри Богоевски добија пофалница.
Во VI одделение, Јована Сидороска и Димитар Лазороски освоија II награда, Јана Мицеска III награда, а Никола Ставрески и Тео Дамјаноски добија пофалница.
Во VII одделение, Мартин Николовски и Марко Томоски освоија III награда.
Во VIII одделение, Јована Котушеска, Стефан Таштаноски и Андреј Димоски освоија I награда, Ангела Стефаноска II награда, а Петар Мартиноски III награда.
Во IX одделение, Јана Шешоска освои I награда, а Елена Секулоска III награда.
Учениците од VI до IX одделение кои освоија најмалку III награда се пласираа на државниот натпревар. Им посакуваме многу успех и одлични резултати!
