Нашите ученици успешно го претставија училиштето на сообраќајно-едукативниот натпревар „Општински семафор 2026“, настан посветен на подигнување на свеста кај младите за значењето на безбедноста во сообраќајот и одговорното учество на патиштата.
Со покажано знаење, внимателност и тимска работа #прличевци освоија второ место.
Учествуваа учениците:
Марко Колески – IX одделение
Илина Аврамовска – VIII одделение
Јаков Балевски – VII одделение
Ментор – Благоја Ристески
