Со особена гордост информираме дека нашите #Прличевци освоија I место на 52-от Општински натпревар по прва помош, во организација на Црвен крст – Охрид, под мотото „Првата помош спасува животи“ .
Со своето знаење, одлична тимска работа и голема посветеност, учениците покажаа извонредни вештини во укажување прва помош и подготвеност за брза и правилна реакција во итни ситуации.
Им честитаме на учениците за постигнатиот успех, како и на нивниот ментор за вложениот труд, поддршка и посветена работа . Овој резултат е уште еден доказ за квалитетната работа и ангажираноста во нашето училиште.

