Учениците од ООУ „Григор Прличев“ – нас. Рача, Магдалена Шаптеска, Викторија Милеска, Ангела Климоска, Јана Блажеска и Екатерина Рудеска, учествуваа на научната конференција „Наука за деца“, одржана во рамките на манифестацијата „Supernova Galaxy“ во Скопје.
Нашите ученички се претставија со свои креативни и оригинални цртежи, кои го привлекоа вниманието на организаторите. Особено сме горди што беа специјално поканети, а нивните творби беа избрани меѓу најдобрите и изложени на конференцијата.
Како признание за нивниот труд, креативност и талент, им беше овозможено учество во работилница, каде што добија можност за нови учења, истражувања и стекнување вредни искуства.
Овој успех е уште една потврда дека детската креативност, љубопитноста и љубовта кон знаењето заслужуваат да бидат препознаени и поддржани.
Браво за нашите млади таленти! Ви посакуваме уште многу успеси, нови инспирации и храброст да творите, истражувате и да ги ширите границите на знаењето
!







