Огласна табла

Новогодишна магија кај #прличевци

Волшебство  започнува од кај нас… нека магичната атмосфера ве поведе и ајде заедно со нас да и’ се радуваме на НОВАТА… за среќа во НЕА…Навистина е ова најубавото време од годината, кога има само насмевки и убави мисли, кога секој секому му посакува само убаво… кога сакаме среќата да ја споделиме, кога сакаме себе си …

Новогодишна магија кај #прличевци Read More »

Објавен литературен и ликовен конкурс по повод патрониот празник на училиштето

Започнуваат подготовките за ПРЛИЧЕВИТЕ ДЕНОВИ … за опејување на оној, по чии стапки чекориме !По повод патрониот празник, училиштето распишува награден ликовен и литературен конкурс на тема :,,За овој свет треба ГОРДО по ТВОЈОТ пат да чекориме” Ученици, вашите творби доставете ги под шифра најдоцна до 23.12.2022 !

Прличевци добија современо опремен кабинет по природни науки

ООУ „Григор Прличев„ Охрид е едно од 265 училишта ширум Македонија, кои добија современи кабинети по физика, хемија, биологија и географија. Реализација на опремувањето на кабинетот по природни науки започна изминатата година и истата беше финансиски овозможена од МОН со поддршка од Светска банка во рамки на Проектот за унапредување на основното образование.  /*! elementor …

Прличевци добија современо опремен кабинет по природни науки Read More »

Соопштение за осигурување на ученици за учебната 2022/2023

На одржаниот состанок за разгледување на пристигнати понуди од осигурителни компании за осигурување на учениците за учебната 2022/2023, Комисија составена од 9 претставници од Советот на родители ја избра понудата на осигурителната компанија УНИКА . Цената на осигурувањето за ученик изнесува 100 денари и обезбедува осигурување за ученикот 24 часа 7 дена во неделат и …

Соопштение за осигурување на ученици за учебната 2022/2023 Read More »

За нашите полуматуранти – ИМАЈТЕ СВЕТЛА ИДНИНА!!!

Драги наши полуматуранти, нека разделбата со нашето училиште ви биде гордост, зашто со неа завршува една епизода од вашата животна приказна и започнува нова. Девет години заедно чекоревме по патот наречен основно образование. Знаењата што  ги стекнавте ви се капитал кој никој не може да ви го одземе. Нашата мисија овде завршува. Од нашето училиште …

За нашите полуматуранти – ИМАЈТЕ СВЕТЛА ИДНИНА!!! Read More »

Ден за радости на #prlicevci#

На 24 мај – Денот на сесловенските просветители „Св.Кирил и Методиј“  на учениците од нашето училиште кои освоиле прво, второ или трето место на регионален, државен или меѓународен натпревар ќе им се доделат наградиод страна на Општина Охрид. Настанот за доделување на награди ќе се одржи на ден 24.05.2022 година (вторник) со почеток во 10 …

Ден за радости на #prlicevci# Read More »

Првачиња – спортачиња на Охрид Трчат – Детска трка

#ПРЛИЧЕВЦИ дел од 504 првачиња – спортачиња на Охрид Трчат – Детска трка Впечатоците сѐ уште се силни и голема е желбата да претставиме само дел од радоста, среќата и натпреварувачкиот дух на овој настан, на кој сите беа победници Организаторите, очекувано успешни, понудија пакет активности од 4 во 1 за:Ден на Охрид трчат – Детска тркаДен …

Првачиња – спортачиња на Охрид Трчат – Детска трка Read More »