
ИНИЦИЈАТИВА „УЧИЛИШТА: ПАРТНЕРИ НА ИДНИНАТА“
Иницијативата „Училишта: Партнери на иднината“ (PASCH) поврзува мрежа од повеќе од 2.000 училишта ширум светот со особена врска со Германија. Гете-институт поддржува околу 600 партнерски училишта во рамки на националните образовни системи во преку 100 земји.
ВОДЕЧКИ МИСЛИ И ЦЕЛИ
Организацијата на PASCH ја одредуваат четири водечки мисли:
- перспективи преку образование,
- проширување на хоризонтите преку повеќејазичност
- пристап до јазик и образование и
- заедничко справување со идните проблеми како меѓународна заедница за учење
Во февруари 2008 г. Министерството за надворешни работи на Германија ја започна иницијативата „Училишта: Партнери на иднината“ користејќи ја кратенката (PASCH). PASCH зајакнува и поврзува мрежа од повеќе од 2.000 училишта ширум светот со особена врска со Германија. Гете-институт поддржува околу 600 PASCH-училишта во рамки на националните образовни системи во преку 100 земји.
Иницијативата ја координира Министерството за надворешни работи, а ја спроведува заедно со Централата за образование во странство, Гете-институт, Германската служба за академска размена и Педагошката служба за размена на Конференцијата на министрите за образование и култура.
Мрежата од германски училишта во странство и училишта што нудат германска јазична диплома се зајакнува. Освен тоа се проширува и соработката меѓу училиштата, за да и понатаму се зацврстува местото на германскиот како странски јазик во националните образовни системи. Дополнително се нудат и стипендии за студии во Германија и можности за размена на ученици и училишни партнерства.
ЦЕЛИТЕ НА PASCH
Со оваа иницијатива кај младите треба да се разбуди долготраен интерес и воодушевување за модерна Германија, за нејзиното општество и за германскиот јазик. Постои светски распространета мрежа на партнерски училишта на СР Германија; преку заеднички активности и размена училиштата ќе станат меѓународна заедница за учење.
Преку атрактивни образовни програми PASCH придонесува за постојано усовршување, како на ученички и ученици, така и на наставен кадар и со тоа ги проширува компетенциите на младите луѓе за студии во Германија и за подоцнежниот професионален живот. Освен тоа, цели се и изградбата на поактивни и подолгорочни врски со Германија како и стимулот на училиштата, нивниот наставен кадар и нивните ученички и ученици за отворена размена на мислења и за меѓусебна соработка. PASCH е поврзана и со други иницијативи на надворешната политика за култура и образование, како на пример, со доброволната служба „Kulturweit“.
ЗАДАЧИ И МЕРКИ НА ГЕТЕ-ИНСТИТУТ
Гете-институт ги поддржува преку 550-те училишта што соработуваат со него за да го воведат или распространат германскиот јазик како наставен предмет во училиштата. На наставниот кадар му нуди методско-дидактички обуки и јазични курсеви и ги опремува училиштата со модерни и мултимедијално употребливи материјали за учење, предавање и информации од областа на културата. Освен тоа, во рамките на Иницијативата, Гете-институт низ целиот свет испрати експерти за настава за поддршка на партнерските училишта. Младинските курсеви во Германија за ученички и ученици од вклучените училишта ги подобруваат јазичните познавања, ја зајакнуваат интеркултурната компетенција и ја оживуваат културата.
Во Македонија моментално во проектот „Училишта: партнери на иднината“ се вклучени четири основни училишта (поддржани од Гете-институт), додека Централната служба за школство во странство (ZfA) поддржува 2 гимназии.
Училишта поддржани од Гете Институт се:
- Основно училиште Владо Тасевски – Скопје
- Основно училиште Јохан Хајнрих Песталоци – Скопје
- Основно училиште Григор Прличев- Охрид
- Основно училиште Исмаил Ќемали – Гостивар
Поддршката се однесува на опремување на кабинетите по германски јазик со техника и матерјали, организирање обуки за наставниците, доделување стипендии за наставници и ученици, проекти итн.