Едукативна работилница “Учиме за кафеавата мечка” во НП Галичица во соработка со “Еко-свест Вевчани

#ПРЛИЧЕВЦИ желни за знаење и исклучителни љубители на природата и живиот свет🍃🐻
Повторно присуствувавме на едукативна работилница, овој пат “Учиме за кафеавата мечка” во НП Галичица во соработка со “Еко-свест Вевчани”.
Учениците ги продлабочија своите знаења за кафеавата мечка и добија одговор на многу интересни прашања поврзани со овој вид животно🐻.
На крајот имаа задача да изработат постер на мечка од природни материјали, да пронајдат храна за мечка долж едукативната патека и да откријат идеално засолниште за хибернација на мечка, забавно нели?👏