Комисијата за избор на ученик-првенец на генерација при ООУ “Григор Прличев“ Охрид распишува интерен конкурс за избор на ученик-првенец на генерација за учебната 2023/2024
Право на учество има секој ученик од деветто одделение кој ги исполнува следниве услови:
- Да постигнувал среден успех 5.00 на крај на наставната година од IV до IX одделение;
- Да бил оценет со примерно поведение на крај на наставната година од IV до IX одделение;
- Да учествувал на индивидуални/групни училишни, регионални, државни, меѓународни натпревари или проекти од здруженија и сојузи акредитирани од страна на МОН, Локална самоуправа;
- Да учествувал на индивидуални/групни натпревари организирани од неакредитирани здруженија – учество на конкурси, музички натпревари, ликовни натпревари, литературни, драмски, рецитаторски натпревари и техничко творештво, спортски натпревари, манифестации кои го промовираат училиштето;
- Да не бил казнуван со педагошка мерка од било кој вид во текот на школувањето во училиштето;
- Вкупниот број на неоправдани изостаноци во текот на школувањето да не биде поголем од 5 неоправдани изостаноци;
- Во текот на школувањето во училиштето да покажал интерес за учество во активности, промоции и проекти за унапредување на училиштето.
Кандидатот за првенец на генерација е должен до Комисијата за избор на првенец и пофалени ученици да поднесе Пријава и соодветна документација предвидена на интерниот конкурс, и тоа да го направи во рок даден во интерниот конкурс.
Учениците кои ги исполнуваат горенаведените услови да се обратат до одделенскиот раководител за дополнителни информации и помош при подготовка на документите. Потребните документи да се достават во училиштето (во просториите на стручна служба) најдоцна до 3.6.2024 год. секој работен ден од 07.00 до 15.00 часот
Потребни документи:
· Копии од дипломи, пофалници, благодарници и сл.
· Пријава до комисијата
· Копии од свидетелства од VI-VIII одделение
По прегледувањето на пристигнатите документи, Комисијата ќе ги разгледа и според Правилникот за номинирање, избор и прогласување на првенец на генерација и пофалени ученици при ООУ „Григор Прличев”, Охрид ќе состави кандидатска листа за избор на ученик-првенец на генерација.
Наставничкиот совет ќе го прогласи ученикот -првенец на генерацијата.