Доследно и посветено #ПРЛИЧЕВЦИ во чест на Патронот на градот ја покажаа својата почит преку зборот пишан за тебе Охриде…” и твоите божествени убавини каде Свети Климент се роди, кој и денес низ писменост нè води, гордо и непрестано…”
Така некако со своето талентирано
перо ќе напише Фросина Апостоловска ученичка од IV-5 одд., која во категорија за ученици од одделенска настава е:
ПРВОНАГРАДЕНА на општинскиот литературен конкурс по повод чествувањето на Свети Климент Охридски.
Преку нејзините стихови во творбата:
,,Охрид градот на нашите просветители” застануваме повторно на изворот на словото и светлината, што блика од највредното наследство што ни го остави нашиот Климент.