Март – месец исполнет со активности во знакот на убавото, нежното и во знакот на пролетта и цвеќето

Месец март е секогаш најцветниот и најубавиот месец. Во месец март и ‘ честитаме празник на жената, и’ се радуваме на пролетта, се грижиме за нашето ментално здравје.

Овој месец го започнавме приклучувајќи се кон кампањата за одбележување на Светскиот ден на логопедијата, оддавајќи им почит на логопедите- оние луѓе кои им помагаат на децата во нивниот правилен раст и развој.

Видеото може да го погледнете ОВДЕ.

И потоа дојде долгоочекуваниот празник на кој секое едно дете се радува честитајќи го празникот на секоја негова омилена жена- мајка, баба, сестра, учителка… своја најсакана. По тој повод, нашите #прличевци имаа неколку активности:

#прличевци започнаа да плетат 🎼стихови и 💐цветови во Прличевата одаја при НУ Библиотека ,, Григор Прличев”.
Во хармонична дружба со г-ѓа Елена Обухова од Почесниот конзулат на Руската федерација во Охрид и децата од Здружението на родители на деца со посебни потреби „Тајните на моето срце“ – Охрид, нашите #прличевци од III 5 одделение, поддржани од Советот на родители, ја оплеменија Прличевата одаја со 🗣звуци од гордо испеани песнички🎶, со творби📖 и креации по повод 8 Март…🎀
За неа 👑… бидејќи таа е… таа е најнежното🌺 и најпрекрасното💫 битие на планетата Земја 🌍
 
 
Повеќе фотографии од настанот ОВДЕ.

Ученичкиот парламент и Претседателот на ученичкиот парламент Иво Георгиески, на свој начин им го честита 8 Март на сите жени !

 А потоа следеше и честитка по повод 8 Март од Советот на родители и Претседателот на Советот на родители Сашко Георгиески.

Но, #Прличевци на сите жени им го честитаа празникот како, ако не со МАЈКАТА од Автобиографијата на Прличев:

🌹Таа е… мајката на Прличев.
🌹Таа е Марија. Силната и храбра жена со големо срце.
🌹Таа е… столбот на Прличевото семејство, мајка со насмеано лице и племенита душа.
🌹Таа е… страдалница, жртва, праведна, борбена…
🌹Таа е… паметна и слаткоречива.
💝За неа работата е здравје и чест.

Среќен празник жени, мајки ! 👑
Од вас извира чиста милост и убост !💕
 

И најслаткото за крај – нашите најмали #прличевци твореа за нивните најмили  и најсакани !

Погледнете ги фотографиите ОВДЕ.

Потоа се приклучивме кон одбележувањето на Светскиот ден на реките !!!
Како што течат реките💦, така течат и нашите мисли ! 💭
✅️Мисла за поткренување на човечката еко- свест ♻️
✅️ Мисла за зачувување на природата и се’ она што таа ни го дава 🏞
Креативни дела изработени од глина и пластелин, изработки од рециклиран материјал, презентации и истражување за реките и пораки за еколошко будење на свеста за чиста вода во нив, како и возбудливата прошетка до Рачанската река и изворите и легендата за нејзиното постоење.
А како размислуваат #ПРЛИЧЕВЦИ и што ви порачуваат денес на Меѓународниот ден на реката ? Погледнете ги нивните креативни дела ОВДЕ
Нешто пред почетокот на пролетта, на 18 Март, ПРЛИЧЕВЦИ го одбележаа Светскиот ден на рециклирање цо важни правила:
Колку знаеме правилно да го селектираме отпадот?♻️
🟢Правило број 1:
Сортирај го отпадот пред да го фрлиш!
🟢Правило број 2:
Научи што се рециклира, а што не!
🟢Правило број 3:
Најди го соодветниот контејнер за рециклирање!
💚#ПРЛИЧЕВЦИ од П.У Рача ги знаат и често ги практикуваат овие златни правила⚠️, а по тој повод и низ игра, едукација, песна и креативност ја пренесуваат пораката до сите: РЕЦИКЛИРАЈ со разумна глава, отпадот во соодветна канта да се става!♻️
Видеото може да се погледне ОВДЕ

И… долета и пролетта!

По тој повод учениците со своите одделенски раководители ги украсија своите училници со многу креативни изработки.

Дел од нив може да се погледнат ОВДЕ .

Но, 21 март ПРЛИЧЕВЦИ го посветија на екологијата, спроведувајќи ја својата единствена ЕКОПРЛИЧЕВОЛОГИЈА !!!

 
Ние сме ЗА 🌎ЕКОЛОГИЈА 🌳💦♻️
Со проектот 💚ЕКОПРЛИЧЕВОЛОГИЈА💚 и спроведените активности , по скоро сите предмети, докажавме дека НИЕ 🌎треба да бидеме нови, едуцирани, еколошки генерации, кои со сигурност ќе знаат да ги препознаат проблемите, ќе ги промовираат принципите и ќе ги поттикнуваат мерките за поодговорен ЕКО однос кон животната средина🖼
♻️💦🌳ЕКОПРЛИЧЕВОЛОГИЈА нека биде нова еко – формула која ќе го промени начинот и навиките за поздрав и поубав свет.🌎
❗️Посебен акцент ставивме на однесувањето со амбалажниот отпад преку нашите🌀 ПАМЕТНИ КАНТИ 🌀кои ќе не потсетуваат како да рециклираме со специјално обележани амблеми и заштитни лога изработени од нашите #ПРЛИЧЕВЦИ, како дел од проектот Schools plastic free movement!
♻️💦🌳ЕКОПРЛИЧЕВОЛОГИЈА не поттикнува да ја развиваме, подобруваме и унапредуваме основната цел и да додадеме дополнителна вредност:
💚Ваквите активности да се реализираат насекаде околу нас, да допрат и до пошироката јавност, а ќе придонесат кон создавање поздрава и почиста животна средина за побистра еко – свест🌳🪻🌱☀️♻️
Видеото од Ученичкиот парламент кое е посветено на екологијата со пораки од #ПРЛИЧЕВЦИ може да се погледне ОВДЕ

На оваа тема беше и размената на искуства и почеток на една соработка помеѓу Ученичкиот парламент во нашето училиште и Младинската заедница во охридската гимназија.

Повеќе фотографии од настанот може да се погледнат ОВДЕ.

На сето ова се надоврза и прекрасното видео со кое се одбележа Светскиот ден на водата и пораката која ја испраќаат #ПРЛИЧЕВЦИ дека треба совесно и рационално да се користи водата – скапоцен природен ресурс.

Видеото може да се погледне ОВДЕ

#Прличевци особен акцент поставија на одбележување на Светскиот ден на лицата со Даунов синдром под мотото „Викај ги … 21 🍀с🍀р🍀е🍀ќ🍀а🍀

Бидејќи лицата со Даунов синдром не се ништо друго, туку чист еликсир на милост и невиност, чист зрак на радост ❤
❤️🤎💜💙🧡💚💛
21 шарено срце за сите оние шарени срца кои сепак исти се 💛💚🧡💙💜🤎❤️
#ПРЛИЧЕВЦИ знаат и порачуваат:
❤️ДЕТЕТО Е ДЕТЕ…СЕКАДЕ ИСТО, СЕКОГАШ МИЛО❤️
Повеќе фотографии од настанот може да се погледнат ОВДЕ.
За нас како Прличевци, од особена важност е  25 март.
На овој ден во 1860 година, со зборовите:
📜 “Најпосле имаме една поема, многу помала од другите, ја прогласуваме за прва и му го даваме венецот на “О, Арматолос”, е прогласен венецоносецот 🌿Григор Прличев🌿 за поемата “Сердарот”.
⚜️Во таа чест посветуваме моменти за нашиот патрон и се стремиме Прличевите зборови да бидат наше секојдневие и патоказ кон писменоста и успехот.✍️✨️🤎
⚜️Денешниов ден, 25 Март нека биде потсетување за твоето дело, за твојот лаворов венец и за твојот “Сердарот”🌿🌿🌿
А, ние #ПРЛИЧЕВЦИ ќе чекориме по твојот пат горди и вични, со исто сонце, со иста песна, за исти сон и молитва вечна.🙏📜🤎
За овој ден, а по идеја на Советот на родителите на #прличевци, а во соработка и реализација со училиштето и наставничкиот кадар се одржа поетскиот перформанс ,,ПРЛИЧЕВА ВИЗИТА ВО СТИХОВИ” во просториите на училишната библиотека.📚
📜✨️Родители, ученици и наставници беа главните актери на оваа интересна средба, на која заеднички му оддадоа почит и достоинствено го одбележаа 25 Март, денот кога нашиот патрон Григор Прличев се закити со лаворовиот венец.🌿🌿🌿
📜✨️Преку рецитирање на стихови од и за Прличев, ја истакнаа големината на успехот со поемата ,,Сердарот”, кој бил молњевит и ненадеен и за самиот него. Сосема непознат, малечок пред големите имиња, но со јасна надеж дека ќе успее со малата поема.🌿
📜✨️За овој успех, со големо внимание и на оригинален начин нашата ,,ПРЛИЧЕВА ВИЗИТА ВО СТИХОВИ” покажа многу емоции, преку пишан збор, драматизација, раскажување за неговиот живот, разговор меѓу присутните и прекрасна визитарска атмосфера закитена со цвеќе, мирис на лавор, локум, музика и “лав” муабет.🪻📜🎼🤎
📜✨️Нека остане во традиција ваквата средба, а Прличевото дело нека биде вечна инспирација и предизвик.
Фотографии од настанот има ОВДЕ
Потоа Прличевци го одбележаа и  27 Март – Светскиот ден на театарот, стапнаа на театарските штици.⭐️
🎩🎬Нашите осмоодделенци беа гости во Народниот театар од Охрид каде што сфатија дека: 🎭“Театарот е магија, волшепство и мистерија. Тоа е култно место во кое секој што влегол не останал рамнодушен и со себе понел чувство на возвишеност, среќа, тага… размислување и желба за повторно враќање назад во театарот”🎭
🎩🗣Преку интересен разговор со актерот Стрезо Стаматовски и режисерката Софија Ристевска Петрушева, научија нешто повеќе за тоа што се крие зад театарската завеса, како се подготвува една претстава, што е театарска култура, која е улогата на актерот, режисерот, сценографот, мајсторот на светло, костимографот…⭐️
🎩🎪Нашите #ПРЛИЧЕВЦИ разгледаа, а и облекоа дел од костимите 🫅🤡👳‍♀️, слушнаа многу анегдоти и интересни случки и за миг влегоа во театарскиот живот, можеби за некој и желба за идна професија🍀🎭, бидејки театарот е двигател за подобри идни генерации.
🧡Посакуваме уште многу убави претстави и погласен аплауз во театарот👏
Повеќе фотографии може да погледнете ОВДЕ
Акитвностите во месец март беа заокружени со посета нашите #ПРЛИЧЕВЦИ млади физичари на “Саемот на наука и култура” во ПСУ „Јахја Кемал“- Струга 🏢📉📐
🔎На овој саем беа презентирани научни и културни проекти изработени од страна на учениците од основните и средните училишта во Охрид и Струга.
🔎Под менторство на Славица Јолакоска Таштаноска, учениците од нашето училиште успешно се претставија со свои проекти и демонстрации од областа на физиката со кои оставија посебен белег и дадоа акцент во значењето на физиката во современиот свет.
🚀🚠🛸Ваквите нови идеи и достигнувања на нашите физичари – младите истражувачи, водат до развиток на нови научни откритија, кои можат да најдат примена во техниката и во многу други дејности.✅️
Повеќе фотографии ОВДЕ

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *