Во рамките на активностите на Еразмус+ проектот Climate Change Data Jurnalisam, беше организиран натпревар за избор на лого што ќе го идентификува проектот и што ќе се користи во документи, формулари и публикации, веб-страници, мултимедијални производи и други медиуми. Натпреварот беше отворен за сите ученици од партнерските училишта од проектот Ерамус+. Во конкурсот за логото беше зададена темата, елементите кои треба да се содржат на логото, web апликацијата во која треба да се изработи логото, како и критериумите според кое ќе се избере најдоброто лого.
Според пропозициите наведени во конкурсот за лого, секое партнер училиште избра најубаво лого креирано од учениците од нивното училиштето.Потоа беше креирана Google форма во која беа презентирани најубавите логоа од четирите партнер училишта, преку која се избра логото на проектот.
Официјалното лого на проектот, односно победничкото лого, е дело на нашaта ученичка Лора Шумуликоска од VIII-4 одделение.
