Во рамки на активностите за одбележување на месецот ноември – месец посветен на ПРАВАТА НА ДЕЦАТА, #прличевци гласно со порака :




Имаме само една планета Земја, наша, единствена. Како ќе се однесуваме кон неа, така таа ќе ни возврати. Затоа да бидеме свесни и совесни, да ја чуваме и негуваме и да се грижиме за неа како за сопственото здравје, за животот.
Под ова мото #прличевци го одбележаа и Светскиот ден на Климатските промени. Одделенскиот наставник и учениците од III 2 одделение заедно со своите родители, а во тесна соработка со училиштето и Советот на родители на креативен начин ни ја претставија пораката за одбележување на овој ден.




Видеото од зелената сказна ќе ја долови прекрасната атмосфера во училницата:
Учениците пак од предметна настава од биолошко-еколошката секција со одговорниот наставник и заменик претседателката на Советот на родители во рамки на активностите во месецот посветен на ДЕТСКИТЕ ПРАВА, а под мотото : “Имам право да живеам здраво”, остварија средба со претставник од Хидробиолошкиот институт.
Цел на посетата беше дискусија за климатските промени и нивното влијание врз живиот свет во езерото и надвор од него.


Широката насмевка
е универзален јазик во светот, па така

#Прличевци го одбележуваат Светскиот ден на љубезноста… бидејќи секој оној кој е љубезен кон некого, не се променува само себе си, туку го променува и светот во целост .
Малите #прличевци од III 4 одделение заедно со нивниот одделенски наставник и своите родители навистина ни покажаа и докажа дека ,,УБАВИОТ ЗБОР ЖЕЛЕЗНИ ВРАТИ ОТВОРА”

На своите другарчиња од различни одделенија им подарија еден грст насмевки и љубезни зборови, но и слатки пораки кои ќе ги потсетуваат дека ЕДНА ПОДАРЕНА НАСМЕВКА тежи колку ЕДЕН ЦЕЛ ПОДАРЕН СВЕТ .
Овие активности се поддржани од Советот на родители и училиштето со цел да се допре до секој еден за значењето на љубезното однесување во секојдневието на поединецот.
Понатаму со активност продложи Ученичкиот парламент, кој е столбот на ученичкото делување и гласникот на ученичките потреби и желби, но и предвесник на нови движења на патот на создавање на здрава младина која сигурно ќе оди по стапките на Прличев !
Имено, учениците еден ден посветија на зеленото… по иницијатива на Претседателот на ученичкиот парламент, Иво Георгиески, и Ученичкиот правобранител, Ивана Секулоска, ученици од 9 одделение учествуваа во училишна ЕКО -акција под мотото ,,Имам право да живеам здраво”.
Но, не беше тоа само обична акција, туку акција од која сите ја извлековме пораката !!!
Средувајќи го и чистејќи го својот простор во училницата, #Прличевци го најавија новиот Еко – кодекс !!!
Еко – кодекс од учениците за учениците !!!
Оваа активност беше овозможена преку хемиската секција со помош на предметниот наставник по хемија. Всушност за прв пат учениците создадоа еко производ за чистење и дезинфицирање, после долготрајни експерименти и секојдневна работа !!!
Уникатно е да си #Прличевец… бидејќи само вакви умни глави создаваат уникатни нешта.
Проблемот со говорот на омраза станува особено актуелен. Без разлика дали е националност, јазик, ориентација, пол или која било друга основа на која може да се користи говорот на омраза, тој стана вистински предизвик за ова општество и секогаш се добредојдени конкретни акции
Мисијата на ОБСЕ во Скопје во соработка со Здружението за мултикултурна интеграција „Инклузија” – Охрид и Здружението за меѓународна младинска соработка, Интерактив” – Битола одржаа работилница на тема : Булинг на која #Прличевци практично ги разработија сите сегменти на врсничкото насилство.
Главната цел беше да се потенцира важноста во однос на спречување и заштита од дискриминација, подигнување на свесноста, толеранцијата, емпатијата, разбирањето на различни ставови, различни чувства, ценење на разноликост, избегнување конфликти и спорни ситуации, справување со говорот на омраза и булинг” (меѓуврсничкото насилство).
Погледнете ги сите фотографии на нашата facebook – страна
Прличевци достојно и во знакот на Месецот на книгата.
Книгата е најдобриот сон кој можеме да го држиме во раце.
Кога читаме, тогаш најдобро учиме …
А #Прличевци негуваат долга традиција на читање.. на љубов кон книгата .
Почнувајќи од активноста на Советот на родители поврзана со разменување и подарување книги, па се’ до привилегијата која ја имавме нашата библиотека да се збогати со донирани книги од едно семејство… па до денес кога го заокружуваме. Месецот на книгата со посета на нашите ученици од III 1, III 3, III 5 одделение и нивните одделенски наставници во НУ Библиотека ,, Григор Прличев” и Народниот театар во Охрид каде Никола Тодороски не само како родител туку и како професионалец во својата област им долови на дечињата како пишаниот збор се пренесува на театарските штици .
И дојде најубавиот и наголемиот ден… денот кој свети силно и зрачи топлина… ДЕНОТ НА ДЕТЕТО ! А по тој повод, безброј активности во нашето училиште.
Претседаетол на ученичкиот парламент и Ученичкиот правобранител подготвија видео – презентација за правата на децата, за што всушност и на нивните состаноци често се разговара.
Учениците од предметна настава од ПУ нас. Рача го одбележаа Денот на детето правејќи активности со кои ни покажаа како се прославува овој ден во Македонија, во Германија и Англија како земји чии странски јазик го изучуваат децата, но и во соседните наши држави, со што се разви чувството на мултикултурализам и на соживот на сите деца во светот.
Децата имаат право да го искажуваат својот став без страв. Имаат право слободно да го искажат своето мислење без да чувствуваат дека некој тоа им го забранува!
Во оваа насока беше и целта на одржаната работилница со наслов ,,Тајната кутија” организирана од училиштето и предводена од училишниот психолог, на која учениците во пишана форма слободно ги изразуваа своите желби, реални случувања, стравови и стремежи во и вон училишните клупи. Погледнете ги фотографиите на нашата facebook страна.

Во рамките на активностите за правата на децата, #Прличевци учеа дека децата имаат право да бидат заштитени, да бидат сигурни во училишната средина, што всушност и ја потенцира важноста на овој Месец на детските права.
А еден од најважните приоритети во нашето училиште е да создаваме средина во која сите ученици ќе имаат еднакви права !
Девојчињата… со очи како срнчиња, прекрасни човечки битија кои изобилуваат со убост и милост, кои подоцна ќе прераснат во жени, кои на овој свет ќе му ја подаруваат сета отменост ! Нив учиме да ги почитуваме и чуваме, да бидат облеани само со милост, а не со лоши зборови и со навреди и насилство
Биди прав #Прличевец…кажи му НЕ на насилството врз жените и девојчињата !
Погледнете ги активностите од ученици од 3 одделение заедно со Претседателот на ученичкиот парламент и Ученичкиот правобранител како и училишната заедница од IV-2 одделение , овде
