Трета работилница на тема “Развивање на ученички проект/иницијатива” во рамки на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“

На 29.11.2024 година во рамки на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ поддржан од Детската фондација Песталоци (Kinderdorf Pestalozzi), коалицијата на младински организации СЕГА во партнерство со МЦГО – Македонски центар за граѓанско образование / MCEC, Прва детска амбасада Меѓаши / First Children’s Embassy Megjashi и SmartUp – Social Innovation Labсе се одржа третата работилница на тема: 💡“Развивање на ученички проект/иницијатива”.
🏷На работилницата учениците претставници на Ученичкиот парламент имаа можност да се запознаат со:
✔️ клучните елементи за изготвување на проектна апликација.
За време на работилницата, врз основа на претходно спроведена анкета, во која беа вклучени учениците од предметна настава во училиштето, работните групи самостојно подготвија 📑“Апликација за ученичка иницијатива” – нацрт ученички проект кој содржи неколку активности во насока на превенција и справување со насилство, дефинираа типови и ресурси потребни за спроведување на иницијативата во училиштето.
Повеќе фотографии тука