Врз основа на член 17 од Правилникот за начинот на изведување на ученичките екскурзии и други слободни активности на учениците од основните училишта, Комисијата за спроведување на постапка за екскурзија при ООУ„Григор Прличев“ Охрид, објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС – ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ
1. НАБАВУВАЧ: ООУ “Григор Прличев” Охрид, ул.Димитар Влахов бр.65, 6000 Охрид, тел: 046/265-062
Дополнителни информации: Програмитe за екскурзии и Понуда (образец) можеда се добијат на горенаведена адреса
2. ПОНУДУВАЧ
Минимални услови кои треба да ги исполни понудувачот се:
- Да е регистриран согласно позитивните прописи во РСМ за вршење на соодветна туристичка дејност;
- Да е регистриран најмалку три години пред изведувањето на екскурзијата
- Да има успешно реализирано сопствена аранжманска програма во РСМ
- Да ги исполнува условите за превоз на групи деца согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Правилникот за посебни технички барања на возилата со кои се превезуваат групи деца;
- На денот на потпишување на договорот избраниот понудувач доставува банкарска гаранција за квалитетно изведување на екскурзијата во висина од 5%-15% од вкупна вредност на договорот.
- Понудата која не ги исполнува минималните услови ќе биде одбиена од страна на Комисијата како неприфатлива.
- Агенцијата да обезбеди лиценциран туристички водич и лекар.
Документи кои треба да ги достави понудувачот
- Документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како правно лице за вршење на туристичка дејност, согласно позитивните прописи на РСМ
- Потврди дека понудувачот во последните 3 години има успешно реализирани најмалку 3 ученички екскурзии и други слободни активности на учениците;
- Документ за превоз на група деца, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Правилникот за посебни технички барања на возилата со кои се превезуваат групи деца;
- Описот на услугата ќе биде наведен во oбразец понуда, која треба понудувачот да ја подигне од училиштето заедно со програмите за екскурзии.
- Документите не смеат да бидат постари од 6 месеци, а се доставуваат во оригинал или копија заверена од понудувачот.
- Лиценца за туристички водач и лекар.
3. ПРЕДМЕТ НА НАБАВКАТА
Предмет на набавката е делив и тоа за:
- Изведување на дводневна екскурзија низ Македонија за ученици од VI одд. (мај 2023 год).
- Изведување на тридневна екскурзија низ Македонија за ученици од IX oдд. (12.2023-14.6.2023 година)
- Изведување на еднодневна екскурзија за ученици од III одделение (април/мај 2023 година.)
Вид на договор: Услуги со одложено плаќање и други поволности (гратиси за деца од социјално загрозени семејства).
4. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА НАЈПОВОЛЕН ПОНУДУВАЧ
Најниска единечна цена по ученик
5. РОК И НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
- Понудата треба да се достави во рок од 5 работни дена од денот на објавување во двата весника во архива на Училиштето, или по пошта на адреса ООУ ”Григор Прличев” Охрид ул. „Димитар Влахов“ бр.65 Охрид.
- Понудата се приложува во оригинален примерок во запечатен внатрешен плик кој го содржи називот на понудувачот со целосна и точна адреса. Внатрешниот плик се приложува во запечатен надворешен плик кој е адресиран со точна адреса на договорниот орган, а во горниот лев агол стои ознака „Не отварај“, да не се отвора пред времето и датумот за отворањето на понудите.Доколку сите плика не се запечатени и обележани како што се бара, договорниот орган не презема одговорност за дополнително вметнување на документи или предвремено отворање на понудата.
- Отварање на понудите ќе биде спроведено од страна на Комисијата за спроведување на постапката за екскурзија.
Комисија за спроведување на постапката за екскурзии
при ООУ „Григор Прличев“ Охрид