admin

Градиме зелена иднина: нов лик на училишниот двор

Со задоволство ве известуваме дека нашето училиште успешно ја реализираше првата фаза од проектот за раззеленување и хортикултурно уредување на училишниот двор. Проектот е поддржан од dm Makedonija, преку нивниот конкурс за подобрување на животната средина и создавање зелени површини за учениците низ целата држава. Благодарение на ова, училиштниот двор доби нов, „зелен“ лик. Изразуваме …

Градиме зелена иднина: нов лик на училишниот двор Read More »

Резултати од регионалниот натпревар по математика

На регионалниот натпревар по математика, одржан на 14.03.2026 година, учениците од нашето училиште постигнаа одлични резултати. Во IV одделение, Ана Бошкоска освои I награда, Стефан Ристески II награда, Матеј Ристески III награда, Илија Китрозоски, Нина Николоска, Иво Здравески, Ахил Сиљаноски и Николај Ѓорѓески освоија II награда. Во V одделение, Петар Нешкоски освои II награда, а …

Резултати од регионалниот натпревар по математика Read More »

Успешно реализирана вежба за евакуација и спасување

Во нашето училиште успешно се реализира симулациска вежба за евакуација на ученици и персонал, како дел од активности за подигнување на свесноста и подготвеноста за соодветно постапување во случај на несреќи и елементарни непогоди. Вежбата ја спроведоа учениците и наставниците согласно утврдените безбедносни протоколи, при што беше нагласена важноста на дисциплината и навремената реакција. Учениците …

Успешно реализирана вежба за евакуација и спасување Read More »

Трето место за нашите учениците на Trash for Art 2026

#Прличевци во трка за здравје и чиста природа Со делото „Алка спринт: Трка до здравјето“, изработено во рамки на манифестацијата Trash for Art 2026, учениците Матеј Симовиќ и Матеј Карамачоски освоија трето место. Успехот е резултат на нивната креативност, труд и посветеност, како и на поддршката и менторството од нивната наставничка Николина Трпоска. Со ова …

Трето место за нашите учениците на Trash for Art 2026 Read More »

Резултати од државниот натпревар по германски јазик

Успех на учениците на државниот натпревар по германски јазик На 14.03.2026 година во Прилеп се одржа Државниот натпревар по германски јазик, на кој учениците од нашето училиште постигнаа одлични резултати. IX одделениеТамара Целакоска IX-3 – I наградаЈован Трајков IX-5 – II наградаАна Јолевска IX-4 – пофалницаМентор: Моника Герасимоска VIII одделениеДафина Милошоска VIII-2 – II наградаМентор: …

Резултати од државниот натпревар по германски јазик Read More »

Резултати од општинскиот натпревар по англиски јазик

На 14.3.2026 година се одржа Општински натпревар по англиски јазик, на кој учениците од нашето училиште успешно се претставија и освоија повеќе награди. Наградени ученици и ментори: V одделениеМиа Стрезоска – прва наградаВера Блажеска – трета наградаМентор: Марина Колеска Наумова VI одделениеЈана Мицеска – прва наградаНестор Сотироски – втора наградаМентор: Верица Симоноска VII одделениеНадалина Зимоски …

Резултати од општинскиот натпревар по англиски јазик Read More »

Настан „Пролетна рапсодија“

На 15.3.2026 година, во Културниот центар „Култ“ се одржа настанот „Пролетна рапсодија“, изложба на ликовни творби и читање на поезија од учениците од VI до IX одделение од ООУ „Григор Прличев“ – Охрид. Настанот се реализираше под менторство на наставничката Натали Кичеец. Во пријатна и инспиративна атмосфера учениците ги претставија своите ликовни и поетски творби, …

Настан „Пролетна рапсодија“ Read More »

Предавање посветено на подводниот свет на Охридското Езеро

На 11.3.2026 година, во организација на Советот на родители при ООУ „Григор Прличев“ – Охрид, во нашето училиште се одржа еколошко, едукативно и интерактивно предавање посветено на подводниот свет на Охридското Езеро и значењето на неговата заштита. Предавач беше Никола Паскали, нуркач од нуркачко друштво. Учениците имаа можност да се запознаат со нуркачката опрема и …

Предавање посветено на подводниот свет на Охридското Езеро Read More »

Едукативно предавање на тема „Штетните последици од употребата на никотин, вејп-уреди (vape) и енергетски пијалаци кај младите“

Во организација на Советот на родители при ООУ „Григор Прличев“ – Охрид се одржа едукативно предавање на тема „Штетните последици од употребата на никотин, вејп-уреди (vape) и енергетски пијалаци кај младите“. Предавањето се реализираше во Спортскиот центар „Климент Колески“ и беше наменето за учениците од VI и VIII одделение, како дел од проектот „Едукативни предавања …

Едукативно предавање на тема „Штетните последици од употребата на никотин, вејп-уреди (vape) и енергетски пијалаци кај младите“ Read More »