ПРОЕКТ „ГЛЕДАЈ И УЧИ“

   Необична и интересна авантура, така петтоодделенците го доживеаја проектот „WATCH and LEARN“ или „ГЛЕДАЈ И УЧИ“, кој се реализираше преку програма од универзитетот Лунд од Шведска. Горди сме што нашето училиште беше избрано за реализација на овој меѓународен проект. Тимот од општина Охрид М-р Ива Николоска, Ѓорѓи Трпески, Ивана Маховска Шикалеска и Даниел Китаноски од Кичево го препознаа нашиот потенцијал, ентузијазам и желба за соработка. Нашите петтоодделенци со своите учителки под координација на учителката Маре Ѓорѓиоска учествуваа во проектните активности. Целта на проектот беше, кај учениците да се развие свеста уште од мали нозе за нашето културно-историско богатство во Охрид. Но најважно беше да се развива свеста за нивно зачувување. Тоа се постигна преку посета на определени локалитети во нашиот град.

     Гледај, учи и пренеси. Своите знаења учениците требаше да ги пренесат на своите родители. Така се постигна триаголникот ученик, училиште и родител, неопходен за успешно образование. Беа организирани заеднички работилници со родителите на кои учениците им го пренесоа стекнатото знаење на своите родители. Преку креативните изработки, макети, одделенски книги, прозни и поетски творби, слики, накит, изработени од најразлични материјали децата покажаа што научиле. Работилниците беа во релаксирана и неформална атмосфера. Во очите на децата, но и на родителите се забележуваше возбуда и задоволство додека креираа.

      Завршниот настан од проектот беше крунисан со заедничка изложба од сите одделенија. На изложбата беа поканети гости, родители, претставници од советот на родители, претсравници од Локалната самоуправа.. На овој настан беа  презентирани две видеа од нашите активности. Учениците и нивните учители добија сертификати за успешно реализираните активности како чувари на нашето културно-историско и природно богатство.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *