Едукативно предавање на тема „Штетните последици од употребата на никотин, вејп-уреди (vape) и енергетски пијалаци кај младите“

Во организација на Советот на родители при ООУ „Григор Прличев“ – Охрид се одржа едукативно предавање на тема „Штетните последици од употребата на никотин, вејп-уреди (vape) и енергетски пијалаци кај младите“. Предавањето се реализираше во Спортскиот центар „Климент Колески“ и беше наменето за учениците од VI и VIII одделение, како дел од проектот „Едукативни предавања и работилници“.

Учениците имаа можност да слушнат стручно излагање од д-р Катерина Митреска, д-р Ирена Беде и д-р Филип Танески. Преку научно поткрепени информации, тие ги запознаа учениците со ризиците од употребата на никотин и вејп-уреди, штетните ефекти од енергетските пијалаци, како и значењето на развивање здрави навики и одговорни избори кај младите.

Благодарност до предавачите за споделеното знаење, како и до учениците за нивното активно учество.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *