Со големо задоволство, нашето училиште ја прифати поканата од Федерацијата на спортски педагози на Македонија да го организира главниот настан по повод одбележувањето на Европскиот ден на спортот во училиштата – #ESSD2026.
Настанот помина во знакот на физичката активност, здравите животни навики, еколошката свест и заедништвото, потврдувајќи ја важноста на спортот и движењето во секојдневниот живот на учениците.
Посебна вредност на настанот даде активното учество на родителите, кои со својата поддршка и несебична помош придонесоа за успешната организација. Заедничките активности на родителите и децата уште еднаш покажаа дека соработката меѓу училиштето и семејството е значаен дел од воспитно-образовниот процес.
Упатуваме искрена благодарност до СВР – Охрид и Црвениот крст – Охрид за нивната поддршка и придонес во обезбедувањето безбедно одвивање на настанот.
Веруваме дека учењето преку непосредно искуство создава трајни знаења, здрави навики и вредности што ги надминуваат рамките на училницата и остануваат дел од животот на младите.
Одговорни наставници за реализација на настанот: Славица Мојсоска, Кате Бујароска Анѓелеска и Олгица Грозданова Зиврев.
Со ваквите активности, ООУ „Григор Прличев“ продолжува да поттикнува здрави животни навики, активен начин на живот и заедништво меѓу учениците, родителите и пошироката заедница
.

