Коалиција на младински организации СЕГА објавува
ПОВИК ЗА УЧЕСТВО на ИНТЕРКУЛТУРНА РАЗМЕНА ВО ДЕТСКОТО СЕЛО ПЕСТАЛОЦИ
Троген, Швајцарија
Период на размена: 04/12/2025 – 17/12/2025
Датум на поаѓање: 03/12/2025
Датум на враќање: 18/12/2025
Цел на размената: Учесниците ќе се здобијат со знаења и вештини поврзани со правата на децата, со принципите на меѓукултурниот дијалог и комуникација, анти-дискриминација, меѓусебно разбирање, почитување и толеранција на вредностите помеѓу различните култури.
Одговорности по завршување на интеркултурната размена: Учесниците на размената задолжително треба да реализираат работилници за детски права, антидискриминација и заштита од врсничко насилство, наменети за децата од различните генерации од училиштето и активности од акционите планови креирани за време на размената. Учество во истражување за подигнати компетенции по размената согласно проектот „Промоција на безбедна училишна средина”.
Вкупното финансиско учество на учесниците за размената: 13.400,00 МКД.
*Екскурзиите за време на размената се вклучени во оваа сума за финансиско учество.
Критериуми за учество:
- Година на раѓање: 2011/2012
- Валидна патна исправа (пасош) согласно новите правила за патни исправи и со рок на важност не порано од 18.06.2026 година
- Ученици кои посетуваат редовна настава во ООУ „Браќа Миладиновци“ – Струга, ООУ „Гоце Делчев“ – Тетово, ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ Скопје, ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Свети Николе и ООУ „Григор Прличев“ – Охрид.
- Предност ќе имаат учениците кои се активни, се дел од ученичката организација, и имаат интерес и мотивација во вклучување во активности на врсничка едукација .
- Кандидати/ки кои не учествувале претходно на Интеркултурна размена во Детското село Песталоци
Сите заинтересирани кандидати потребно е да пополнат пријава на следниот линк https://forms.office.com/e/UF0EJfJ2Ak најдоцна до 10 октомври 2025 година.
Селекцијата на учесници ќе се врши по пат на интервју со пријавените кандидати.
Доколку имате потреба од дополнителни информации контактирајте со назначените супервизори од Вашето училиште или на aplikacija@sega.org.mk
