Нашите ученици остварија одлични резултати на Општинскиот натпревар по шах, освојувајќи вкупно пет медали – две златни, две сребрени и една бронзена. Со своето знаење, умешност, концентрација и спортски дух, нашите ученици уште еднаш покажаа дека секој потег може да биде чекор кон успехот.
Успеси на учениците од I до V одделение
На Општинскиот натпревар по шах за ученици од I до V одделение, нашето училиште се закити со две сребрени медали.
Категорија девојки:
- 🥈 Ана Бошкоска – V-4 одделение
Категорија момчиња:
- 🥈 Нино Дерковски – V-4 одделение
Одличен пласман остварија и останатите претставници на нашето училиште:
- Наум Анѓелески – IV-4 одделение
- Филип Кесковски – V-3 одделение
- Маја Тупанческа – V-3 одделение
Успеси на учениците од VI до IX одделение
Нашите шахисти од повисоките одделенија продолжија со одличните резултати, освојувајќи два златни и еден бронзен медал.
Женска категорија:
- 🥇 Јована Котушеска – IX одделение, I место
Машка категорија:
- 🥇 Марко Танески – IX одделение, I место
- 🥉 Марко Томоски – VIII одделение, III место
Одличен пласман остварија и:
- Јована Сидороска – VII одделение
- Теодора Секуловска – VII одделение
- Драган Анѓелески – VII одделение
- Андреј Петрески – VII одделение
- Стефан Пазаркоски – VIII одделение
- Бојан Блажески – IX одделение
Особено сме горди што петмина натпреварувачи од нашето училиште обезбедија пласман за Државниот натпревар, со што се отвора можност за нови успеси и признанија.
Им упатуваме искрени честитки на сите наши ученици за постигнатите резултати, вложениот труд и достојното претставување на училиштето.
Победата нè радува, поразот нè учи, а и двете нè градат како личности.
Браво, „Прличевци“! Потег по потег, успехот ве очекува


