Во чест на патронот – Отворени часови на Одделенска настава

Учениците и наставниците од одделенската настава достоинствено и со многу љубов го одбележа патрониот празник, потврдувајќи дека дека традицијата, културата и почитта се негуваат уште од најрана возраст.

🌟📚 Креативноста на #ПРЛИЧЕВЦИ 📚🌟

По повод патрониот празник, учениците од трето одделение реализираа отворени часови во форма на креативни работилници, посветени на животот и делото на нашиот патрон – Григор Прличев.

Преку разновидни активности, учениците со голем ентузијазам ја истражуваа личноста и творештвото на Прличев, изразувајќи ја својата креативност преку пишан збор, ликовно творештво и тимска работа.

Работилниците поминаа во инспиративна и топла атмосфера, исполнета со љубов кон културата, традицијата и македонскиот јазик, при што учениците покажаа искрена посветеност и гордост што се дел од „Прличевци“.

📚🌿 Отворен час на III-5 одделение 🌿📚

На тема „Кога Охрид го разбуди Григор“, учениците од III-5 одделение нè навратија во минатото, во времето кога по охридските калдрми чекорел нашиот Патрон.

Преку драмски елементи, читање текстови и креативни активности, животот и делото на Прличев беа доближени на топол и разбирлив начин, оставајќи силен впечаток кај присутните.

Со многу емоција и почит, учениците испратија порака дека делата на Прличев ќе продолжат да живеат и да се пренесуваат на идните генерации со љубов и гордост.

📚🌿✍️ Отворени часови со учениците од IV одделение ✍️🌿

Учениците од четврто одделение реализираа отворени часови во форма на креативни работилници, преку кои на достоинствен начин го одбележаа патрониот празник.

Во рамки на активностите тие:

  • твореа стихови инспирирани од поетот,
  • изработуваа ликовни портрети,
  • вежбаа калиграфија со туш и перце,
  • изработуваа лаворов венец – симбол на поетско признание.

Отворените часови беа посетени од стручната служба, директорката, наставници и ученици, кои со внимание и поддршка ја проследија креативната работа.

Преку овие активности, учениците покажаа знаење, креативност и искрена почит кон македонското книжевно наследство.

📚✨ Отворени часови на учениците од одделенска настава од Подрачно училиште во населба Рача ✨📚

Учениците од I до V одделение од подрачното училиште во населба Рача со радост и детска насмевка го одбележаа патрониот празник.

Реализирани беа низа активности преку кои најмладите ученици го изразија својот талент и љубовта кон литературата и уметноста:

  • презентација за ликот и делото на Прличев,
  • литературни творби,
  • рецитал и драмски изведби,
  • ликовни активности – цртање и боење.

Преку песна, збор, глума и боја, учениците покажаа дека духот на Прличев живее и денес – во нивната љубопитност, креативност и желба за учење.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *