Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, учениците и наставниците од нашето училиште реализираа низа активности со кои ја негуваат традицијата, креативноста и хуманоста.
Во училиштето се одржа Велигденски базар од хуманитарен карактер, на кој учениците со многу труд и креативност изработија и изложија велигденски украси, честитки и различни ракотворби. Базарот беше исполнет со празнична атмосфера и претставуваше можност учениците да ја покажат својата креативност, тимска работа и подготвеност да помогнат. Во реализацијата и поддршката на оваа активност се вклучија ученици, наставници и родители, придонесувајќи за успешна и хумана иницијатива.


Во подрачното училиште во Рача се одржа креативен велигденски базар со учениците од прво до петто одделение. Со многу труд и љубов, тие изработија прекрасни велигденски украси и ракотворби, создавајќи топла и празнична атмосфера. Преку оваа активност учениците ја развиваа својата креативност, соработка и почит кон традицијата.


Дел од учениците од нашето училиште учествуваа и на Велигденскиот базар на плоштадот „Вангел Наумоски“ во Охрид, кој се одржа на Велики Четврток во организација на Општина Охрид во соработка со ЈП „Градски Пазар“. Настанот беше збогатен со културно-уметничка програма во која настапија деца од детските градинки, основните училишта и фолклорни ансамбли. Базарот имаше за цел да ја поттикне хуманоста, заедништвото и соработката меѓу институциите и граѓаните, а воедно ја збогати празничната атмосфера во градот.


Со ваквите активности учениците не само што ја негуваат традицијата, туку учат и за значењето на хуманоста, солидарноста и заедништвото во заедницата.

