Со задоволство ве известуваме дека нашето училиште успешно ја реализираше првата фаза од проектот за раззеленување и хортикултурно уредување на училишниот двор.
Проектот е поддржан од dm Makedonija, преку нивниот конкурс за подобрување на животната средина и создавање зелени површини за учениците низ целата држава. Благодарение на ова, училиштниот двор доби нов, „зелен“ лик.
Изразуваме голема благодарност до ЈП Комуналец за стручната помош и поддршката при реализацијата на активностите на терен. Новиот зелен простор ќе овозможи учениците да уживаат и да учат во средина каде природата и образованието се спојуваат.



