Тековни активности

Одбележан Денот на планетата Земја – 22 април

На 22 април го одбележавме Денот на планетата Земја – значаен датум посветен на подигнување на свеста за заштитата на животната средина. Учениците од училиштето го одбележаа овој ден со кратка драматизација и танцова изведба. Настанот се одвиваше во пријатна и позитивна атмосфера, исполнета со креативност и ентузијазам. Преку своите настапи, учениците испратија силна порака …

Одбележан Денот на планетата Земја – 22 април Read More »

II место на натпреварот „Општински семафор 2026“

Нашите ученици успешно го претставија училиштето на сообраќајно-едукативниот натпревар „Општински семафор 2026“, настан посветен на подигнување на свеста кај младите за значењето на безбедноста во сообраќајот и одговорното учество на патиштата. Со покажано знаење, внимателност и тимска работа #прличевци освоија второ место. Учествуваа учениците: Марко Колески – IX одделение Илина Аврамовска – VIII одделение Јаков …

II место на натпреварот „Општински семафор 2026“ Read More »

I место на 52-от Општински натпревар по прва помош

Со особена гордост информираме дека нашите #Прличевци освоија I место на 52-от Општински натпревар по прва помош, во организација на Црвен крст – Охрид, под мотото „Првата помош спасува животи“ . Со своето знаење, одлична тимска работа и голема посветеност, учениците покажаа извонредни вештини во укажување прва помош и подготвеност за брза и правилна реакција …

I место на 52-от Општински натпревар по прва помош Read More »

Велигденски базари во духот на хуманоста и традицијата

Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, учениците и наставниците од нашето училиште реализираа низа активности со кои ја негуваат традицијата, креативноста и хуманоста. Во училиштето се одржа Велигденски базар од хуманитарен карактер, на кој учениците со многу труд и креативност изработија и изложија велигденски украси, честитки и различни ракотворби. Базарот беше исполнет со празнична …

Велигденски базари во духот на хуманоста и традицијата Read More »

Градиме зелена иднина: нов лик на училишниот двор

Со задоволство ве известуваме дека нашето училиште успешно ја реализираше првата фаза од проектот за раззеленување и хортикултурно уредување на училишниот двор. Проектот е поддржан од dm Makedonija, преку нивниот конкурс за подобрување на животната средина и создавање зелени површини за учениците низ целата држава. Благодарение на ова, училиштниот двор доби нов, „зелен“ лик. Изразуваме …

Градиме зелена иднина: нов лик на училишниот двор Read More »

Успешно реализирана вежба за евакуација и спасување

Во нашето училиште успешно се реализира симулациска вежба за евакуација на ученици и персонал, како дел од активности за подигнување на свесноста и подготвеноста за соодветно постапување во случај на несреќи и елементарни непогоди. Вежбата ја спроведоа учениците и наставниците согласно утврдените безбедносни протоколи, при што беше нагласена важноста на дисциплината и навремената реакција. Учениците …

Успешно реализирана вежба за евакуација и спасување Read More »

Трето место за нашите учениците на Trash for Art 2026

#Прличевци во трка за здравје и чиста природа Со делото „Алка спринт: Трка до здравјето“, изработено во рамки на манифестацијата Trash for Art 2026, учениците Матеј Симовиќ и Матеј Карамачоски освоија трето место. Успехот е резултат на нивната креативност, труд и посветеност, како и на поддршката и менторството од нивната наставничка Николина Трпоска. Со ова …

Трето место за нашите учениците на Trash for Art 2026 Read More »

Настан „Пролетна рапсодија“

На 15.3.2026 година, во Културниот центар „Култ“ се одржа настанот „Пролетна рапсодија“, изложба на ликовни творби и читање на поезија од учениците од VI до IX одделение од ООУ „Григор Прличев“ – Охрид. Настанот се реализираше под менторство на наставничката Натали Кичеец. Во пријатна и инспиративна атмосфера учениците ги претставија своите ликовни и поетски творби, …

Настан „Пролетна рапсодија“ Read More »

Предавање посветено на подводниот свет на Охридското Езеро

На 11.3.2026 година, во организација на Советот на родители при ООУ „Григор Прличев“ – Охрид, во нашето училиште се одржа еколошко, едукативно и интерактивно предавање посветено на подводниот свет на Охридското Езеро и значењето на неговата заштита. Предавач беше Никола Паскали, нуркач од нуркачко друштво. Учениците имаа можност да се запознаат со нуркачката опрема и …

Предавање посветено на подводниот свет на Охридското Езеро Read More »

Едукативно предавање на тема „Штетните последици од употребата на никотин, вејп-уреди (vape) и енергетски пијалаци кај младите“

Во организација на Советот на родители при ООУ „Григор Прличев“ – Охрид се одржа едукативно предавање на тема „Штетните последици од употребата на никотин, вејп-уреди (vape) и енергетски пијалаци кај младите“. Предавањето се реализираше во Спортскиот центар „Климент Колески“ и беше наменето за учениците од VI и VIII одделение, како дел од проектот „Едукативни предавања …

Едукативно предавање на тема „Штетните последици од употребата на никотин, вејп-уреди (vape) и енергетски пијалаци кај младите“ Read More »