Day: April 9, 2026

Конкурс за упис во средно образование

Почитувани деветтооделенци и родители, Министерството за образование и наука го објави конкурсот за упис во средно образование. Ги охрабруваме сите наши деветтооделенци навремено да се информираат и успешно да го направат својот избор за понатамошното образование.Линкот до конкурсот за упис во средно образование можете да го погледнете тука: ТУКА Ви посакуваме многу успех и правилен …

Конкурс за упис во средно образование Read More »

Велигденски базари во духот на хуманоста и традицијата

Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, учениците и наставниците од нашето училиште реализираа низа активности со кои ја негуваат традицијата, креативноста и хуманоста. Во училиштето се одржа Велигденски базар од хуманитарен карактер, на кој учениците со многу труд и креативност изработија и изложија велигденски украси, честитки и различни ракотворби. Базарот беше исполнет со празнична …

Велигденски базари во духот на хуманоста и традицијата Read More »

Градиме зелена иднина: нов лик на училишниот двор

Со задоволство ве известуваме дека нашето училиште успешно ја реализираше првата фаза од проектот за раззеленување и хортикултурно уредување на училишниот двор. Проектот е поддржан од dm Makedonija, преку нивниот конкурс за подобрување на животната средина и создавање зелени површини за учениците низ целата држава. Благодарение на ова, училиштниот двор доби нов, „зелен“ лик. Изразуваме …

Градиме зелена иднина: нов лик на училишниот двор Read More »

Резултати од регионалниот натпревар по математика

На регионалниот натпревар по математика, одржан на 14.03.2026 година, учениците од нашето училиште постигнаа одлични резултати. Во IV одделение, Ана Бошкоска освои I награда, Стефан Ристески II награда, Матеј Ристески III награда, Илија Китрозоски, Нина Николоска, Иво Здравески, Ахил Сиљаноски и Николај Ѓорѓески освоија II награда. Во V одделение, Петар Нешкоски освои II награда, а …

Резултати од регионалниот натпревар по математика Read More »

Успешно реализирана вежба за евакуација и спасување

Во нашето училиште успешно се реализира симулациска вежба за евакуација на ученици и персонал, како дел од активности за подигнување на свесноста и подготвеноста за соодветно постапување во случај на несреќи и елементарни непогоди. Вежбата ја спроведоа учениците и наставниците согласно утврдените безбедносни протоколи, при што беше нагласена важноста на дисциплината и навремената реакција. Учениците …

Успешно реализирана вежба за евакуација и спасување Read More »